Сонот на делфинот

/, Блесок бр. 36/Сонот на делфинот

Сонот на делфинот

Светлата точка на твоето чело
Случајни разговори
Не заборавај ти сè уште имаш душа
Последната слабост
Чекајќи го ветрот
Сонот на делфинот
Збор – метаморфоза –
Спокојно ги пишувам овие стихови

добро утро уличен чистачу на чевли
уште многу ли има до чистилиштето

не знам
водата го знае патот

добро утро уличен продавачу на дребулии
постои ли отров за невидливиот глушец на
совеста
не знам
душата не е дел од телото

добро утро небеса над нашите глави
каде се скалите по кои требаше да се искачиме

не знаеме
горе си е горе долу си е долу

добро утро свету наш ебен
ти ли си затворот што сами го измисливме

Јас сум
љубовта е малечко детенце

(1995)

АвторБобан Богатиновски
2018-08-21T17:21:37+00:00 јуни 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 36|