Северна

Северна

Северна
Молејќи
Булки во житото
Бројанката на старецот
Последното хаику

пат од планината до морето

ги знам сите села крајпатни
станици на срцето
каде копнеам да ги успокојам животот и љубовта

масленици и лозја
припиени на правот од старата коска
летни полиња пченката зрее
грдо доба меѓу зеленото и златното

љубовта моја како булките црвено распрскани
пиреј во служба на житото

селаните не го жнеат дивото цвеќе
нема леб за семејството

сепак некое време
дивите булки растат

АвторКлод Фримен
2018-08-21T17:22:07+00:00 октомври 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 10-11|