Северна

Северна

Северна
Молејќи
Булки во житото
Бројанката на старецот
Последното хаику

постојат други
наречи ги можност
но не помалку од тебе
се хранат на твоите рабови

гладни
обидите на шестте чула пропаѓаат

надежите за граници
за она што е наречено душа

спијат во твојата куќа
крај тебе во мракот

во нивните очи
каков што беше пред да станеш

нешто што исчекува искра или светлина
нешто што го спотнува животниот оган

гладни
во и од една од твоите мисли

необјаснет бес
беспричинска тага

први на пречек
и први на испраќање
хранејќи се од твоето последно самочувство

каков што беше пред да станеш

и каков си потоа

тажен
еден сега чука

молејќи

АвторКлод Фримен
2018-08-21T17:22:07+00:00 октомври 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 10-11|