Реквием за девојчето

/, Блесок бр. 51/Реквием за девојчето

Реквием за девојчето

Записи на тежиштето
Морска ѕвезда
Предание на љубовта
Понудена дама
Сезам
Чиста мисла (мисла што не се мисли)
Избраните

Таму во далечината канат примамливи далечини. Зборови,
божем лекуваат идни спомени.
Не сме вредни, молчат.
Повторно си присвојуваат псалми, а најмногу од сè
си ронат златосив пепел. Духу наш, што даваш ако имаш?
Не сме вредни… Под белите бедра растат
дарувани дарови во празничен час, за да седнат,
за да легнат, да се одморат и да зачнат
легенда за очите те топли, за погледите те ладни,
за прстите те меки, брадавиците бодликави,
да зачнат легенда за врутоците за заборавот,
за љубимците на победата што сега повеќе ги нема.
Легендите се капат во млеко и се лекуваат трагите,
кладенциите секнаа и патиштата се црни.
Не сме вредни, крвават. Се мазнат. Како
си простуваат ѕвездите на своите безгранични млечни улици,
кадилото мириса, билките изумираат во бесконечноста,
плодовите се плодат и битијата угодуваат. О, не вели ништо.
Далечините не се премногу близу и бремињата
не се без тежина. Од таму до онаму се слават легенди.
Седумпати по седумдесет зачнуваат. И секогаш згаснува ѕвезда.
Седумпати по седумдесет. Дозволува.
Препушта. Простува. Црвенее и се митари.
Голи голосемки од небото го росат мирот
и забораваат. Таму долу се криват патеките,
полињата се покриени, никаде никого,
коњите се надеваат на бесмртен крај.
Во измиено време и простор. Сега сал се плашат,
запечатени.

2018-08-21T17:21:21+00:00 ноември 27th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 51|