Реквием за девојчето

/, Блесок бр. 51/Реквием за девојчето

Реквием за девојчето

Записи на тежиштето
Морска ѕвезда
Предание на љубовта
Понудена дама
Сезам
Чиста мисла (мисла што не се мисли)
Избраните

Еден ден може нема да има потреба од зборување. Еден ден
моќта на разумот можеби мртва ќе биде, еден ден може ќе речеш:
љубов сакам. Во телото ќе се исцрта мајката на настанувањето
и мајката на настанувањето ќе те чека до оној ден
кога ќе ми недостига. Засекогаш ќе сме заедно на тој пат,
несозреани за свадбен час. Сè ќе те допира со тивок шепот
и секој ќе те храни со страста на нешто што не се осмелуваш да го искрвавиш.
Ох, ти понудена дамо! Далеку ќе бидам, а сепак близу
за да го чуеш мојот поздрав. Денес не замислувам повеќе
дека не си била бахова фуга. Денес повеќе не сум свесен
дека си збиена во буба, дека не си итра, но дека чекаш,
се надеваш и молчиш. Дамо, дамо чувствителна, кој ти ги лулка
сетилата, кој ти ги трга мислите, кој доаѓа и заминува…
Нуди: разрането со зборови. Пее: во каменот скриена ларва,
во здивот можна пеперутка. Зборува: вистински, без лага.

2018-08-21T17:21:21+00:00 ноември 27th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 51|