Реквием за девојчето

/, Блесок бр. 51/Реквием за девојчето

Реквием за девојчето

Записи на тежиштето
Морска ѕвезда
Предание на љубовта
Понудена дама
Сезам
Чиста мисла (мисла што не се мисли)
Избраните

Црвена дамка ги извалка ѕвездите на белите заби
на дното од грлото што го исплука својот трн божем од далечини,
и незнајно кога незнајно каде полетаа гаврани
во својата најгорешта молба, а од засолништето на љубената
пред тајниот лик би се скршил гласот и би се претворил
во свето знамење. В зори би почнал да ги прескокнува
далечините на милите предења : ние љубиме! О, преплашени пламења,
тешко е ова знамење: о, мила карпо, океаните се загреани;
о, рибо девствена, прегратката е миро. Помазани се меурчињата
на дното од грлото што го исплука својот трн,
помазани се телата што ѝ се измолкнуваат на самотијата,
помазани се воздишките на оние што доаѓаат,
помазани се помазанијата со меч на крстот,
со меч на молкот, со меч на адот. Разурнати се стеблата
на кои се потпирал најсвидниот трепет. Во полнота
зрачат отрфлените синила, сините, мили, мистични синила
и ни сјајот на секојдневието на нив нема право.
На вжареното небо ѕвездите се борат со крвта на говорот,
на мојот брег рибата наросена со алги ја голта сината ѕвезда.
Го преколнувам моето миро; рибата со рачка од нож
се пара од глава до опашка. Гледам: некој расечена ќе ја закопа в жар.
Прадедовски грозоти ќе демнат! Црвениот жилет ќе се разбуди
во облакот, таму некаде, на дното од грлото!

2018-08-21T17:21:21+00:00 ноември 27th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 51|