Револуцијата нема да биде на телевизија

/, Блесок бр. 36/Револуцијата нема да биде на телевизија

Револуцијата нема да биде на телевизија

Револуцијата нема да биде на телевизија
Белецот на Месечината

Стаорец ја касна сестра ми Нел, а Белецот е на Месечината.
Лицето и рацете ѝ отекуваат, а Белецот е на Месечината.
Не можам да платам лекар, а Белецот е на Месечината.
И по десет години уште ќе плаќам, а Белецот е на Месечината.
Газдата сношти ми ја качи киријата оти Белецот е на Месечината.
Нема топла вода, нема тоалети, нема светло, но Белецот е на Месечината.
Се прашувам зошто мене ми ја качува. Оти Белецот е на Месечината?
Веќе му плаќав пе’еска неделно, но сега Белецот е на Месечината.

Даноците ми ја јадат цела плата,
наркоманите ми газат по нервите,
цената на храната се зголемува,
а како и сето ова срање да не е доволно.

Стаорец ја касна сестра ми Нел, а Белецот е на Месечината.
Лицето и рацете ѝ отекуваат, а Белецот е на Месечината.
Зарем сите пари што ги заработив лани се за Белецот на Месечината.
Како така овде нема пари? Хмм! Белецот е на Месечината.

Знаете, сега ми се смачи од Белецот на Месечината.
Мислам да му ги пратам сметкиве од лекарот
авионски и препорачано…
на Белецот на Месечината.

АвторГил Скот-Херон
2018-08-21T17:21:37+00:00 јуни 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 36|