Проѕирност

Проѕирност

Проѕирност
Нежните момци
Сеќавање

Нежните момци што ќе минат низ нашиот живот
со песна – сè уште не се зачнати.
Земјата сè уште не се породила
како што нежниот дождец раѓа нарциси.
Саноќ седиме на терасата и го гледаме ридот,
со лица подзинати како челусти на камени лавови
за да ја поздравиме миговната мена на материјата,
за да се ослободиме
од остарените господари.

Паѓаме в сон.
Сред нашата сигурност доаѓаат мените
што не оставаат ни трага на камените барјаци оросени
со бисерна роса, што ни ги робат
нежностите
и ни вбризгуват дива мајмунска крв.

Изутрина, слепи и горди,
ги корнеме сите нарциси, само миг пред
во нив да развијат распеани лица.
Само миг пред чудниот странец
да ни го смени животот.

АвторШарон Хас
2018-08-21T17:21:54+00:00 октомври 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 22|