Пофалба на невиноста

/, Блесок бр. 65/Пофалба на невиноста

Пофалба на невиноста

Пофалба на невиноста
Семејни работи
Телешко
Воено време
Молња
Визија
Предметот изваден
Испратено пакување

Нашите задоволства се завршени, танцовите
чекори кои никогаш не ги научив, повторно
се неодиграни – ветрот завива спроти

брановите – детето е стуткано како
здивот кој бурата заборавила
да го одвее; нека спие, нека спие.

Земи го, нежно, во колата, потоа
придружи ми се на широкото предно седиште
(повторно е обоено како острига).

Среди ја куќата и остави го морето
да биде дома со брановите… Неговата
пена нека пишти на плажата. Нека го, нека го

лиже безживотниот песок. Заборави како
солениот ветар ни го скисели незадоволството.
Заминуваме во нов живот

во нова земја, на друг обилен песок.
Но остави го последниот ковчег онде, просто
покрај влезот. Нема да го земеме

тој ковчег. Полн е со сета наша болка.

АвторХенк ван Керквијк
2018-08-21T17:21:06+00:00 април 29th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 65|