Пофалба на невиноста

/, Блесок бр. 65/Пофалба на невиноста

Пофалба на невиноста

Пофалба на невиноста
Семејни работи
Телешко
Воено време
Молња
Визија
Предметот изваден
Испратено пакување

Кога Господ падна по скалите и се обиде
да стане, ја побара мојата рака.
Тој знаеше дека сум таму. Тој ме слушна
како ја пцујам и колнам креацијата. Но

сопрев, без здив и со ненасочен
гнев, а Тој – со очи кои одбиваа да се
фокусираат, со уши кои уште му ѕвонеа
од падот – ги грабаше воздушните молекули

околу нас. Пршленот му пукна, коските
му се искршија, за вечност сакат, Тој рече:
„Синко, не слушај ја лагата, покорните
и смерните никогаш нема да победат.

Не загуби Луцифер, туку јас.“

АвторХенк ван Керквијк
2018-08-21T17:21:06+00:00 април 29th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 65|