Пофалба на невиноста

/, Блесок бр. 65/Пофалба на невиноста

Пофалба на невиноста

Пофалба на невиноста
Семејни работи
Телешко
Воено време
Молња
Визија
Предметот изваден
Испратено пакување

Има ли нешто подолготрајно
од она како траевме? Тоа е темелен
споменик во сеќавањето. Сив, божем
излеан во олово: татко ми и јас

се засолнуваме. Дрвјата над и тесниот пат, нема
скршнувања, нема излези, бесконечен е од обете
страни, стапалата ни се влажни. А неговите чевли
се многу поголеми. Секако, знак на мудрост. Но

нашите велосипеди се шега, зашто нема
видлива точка за враќање и за стигнување.
Сеќавањето е близнак со скржавоста; не покажува
патен знак, само асфалт и дожд и како

дрвото крај нас го преполови молња.
Со едната половина скокна на другата страна
додека кората му чадеше, а срцевината му се гледаше:
ме предизвикуваше да избегам. Останав здрвен.

Сè уште истура.

АвторХенк ван Керквијк
2018-08-21T17:21:06+00:00 април 29th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 65|