Пофалба на невиноста

/, Блесок бр. 65/Пофалба на невиноста

Пофалба на невиноста

Пофалба на невиноста
Семејни работи
Телешко
Воено време
Молња
Визија
Предметот изваден
Испратено пакување

1. Воено време

но без гајле, мајка ми имаше
тапиока на полицата. Жолта
картонска кутија, потемната на дното.
Содржината означена со црникаво
пенкало врз посивена хартија.

Без гајле, иако луѓето се чинеа зафатени:
жените полусвртени, корпите накривени,
црни и бујни листови во марш. Тапиока!
Колку е полн со далечна заводливост
тој збор – мајка ми никогаш не го користеше.

Само четири, но солени кристали беа посеани
во браздите на моето чело: се напнував
додека замислував големи ѕверови како
ми ги ораат полињата. Далеку во Тапиока!
Но татко ми постојано се појавуваше…

Испотен и задишан постојано
се појавуваше на сината врата од кујната.
Само четири, а пак не можев да избројам
па знаев дека безброј пати стоеше таму,
викајќи: „Војната заврши!“

Никогаш не заврши.

2. Воено време

Вчера, со црните и белите бикови
во стампедо низ мракот
од доцната западна ноќ – вчера се сетив
на тапиоката што никогаш не ја пробав,
пудинзите кои мајка ми никогаш не ги зготви.

Но како можеше? Татко ми постојано
стампедираше во кујната, викајќи
дека војната завршила.
До ден денес тој продолжува
божем постои конечно минато.

АвторХенк ван Керквијк
2018-08-21T17:21:06+00:00 април 29th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 65|