Пофалба на невиноста

/, Блесок бр. 65/Пофалба на невиноста

Пофалба на невиноста

Пофалба на невиноста
Семејни работи
Телешко
Воено време
Молња
Визија
Предметот изваден
Испратено пакување

Баба ми беше крупна
и тешка. На секоја навреда одговараше
со прскот од устата која едвај некогаш
престануваше да зборува. Еднаш заспав
во нејзиниот скут и сонував сум ја дознал
сета мудрост која таа ја заборавила.

Не траеше долго. Сега се сеќавам на нејзе
во дневната соба, си ја чешла косата,
во огледалото се проверува дали тенкото
сиво влакно е единствено. „Ми беше толку
долга. И густа! На двапати ја замотував
околу главата. Луѓето мислеа

не е вистинска“. Седумнаесет имав и
школото и часовите по изговор – за да
ми го изгонат акцентот – ме оставија
без одговор. Ја мирисав нафтената печка
во нејзината кујна. Секогаш го готвеше
најжилавото телешко до неверојатна

мекост која оттогаш не сум ја осетил.

АвторХенк ван Керквијк
2018-08-21T17:21:06+00:00 април 29th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 65|