Пофалба на невиноста

/, Блесок бр. 65/Пофалба на невиноста

Пофалба на невиноста

Пофалба на невиноста
Семејни работи
Телешко
Воено време
Молња
Визија
Предметот изваден
Испратено пакување

Тој живееше во сурово маало.
Извика: „Оди си!“ Главата му беше високо.
Неговиот ребрест ковчег почиваше врз изабениот
прозорец во станот на вториот кат.

Осумнаесет имав. Лицето ми беше
сјајно поле дамки. Моите прежешки уши
затвор од кој последниот здив на баба ми
одбиваше да побегне. Па

довикнав: „Сестра ти е мртва…“
Прастрико ми кој никогаш не го бев сретнал
(од нејасни причини, некоја кавга одамна
заборавена), настојуваше: „Оди си!“

А јас, со наназад искривен врат, повторив:
„Сестра ти е мртва…“ Кога се качив горе
тој рече, „Мислев дека си норвешки
морнар“. Додавајќи со имитирање:

„Не, не. Не примаме пијаници“.
„Сестра ти е мртва“. Тој покажа
кон малку искривениот лак низ кој
двете соби порано одделени,

сега беа споени. Потоа ми покажа
една тула. „Сам го изградив. Ми рекоа
дека е носечки ѕид, дека никогаш
нема да ми успее. Дека ќе се урне!

Баш им покажав дека грешат“.

АвторХенк ван Керквијк
2018-08-21T17:21:06+00:00 април 29th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 65|