Понекогаш

Понекогаш

Понекогаш
Старата куќа (дел втор, декември 2000)
*

Можам да пишувам овде во кујната:
единствената неутрална соба,
иако куќата е празна.

Дури сега, кога ги расчистувам работите
од куќава во која израснав,
знаејќи оти мора да се продаде
поради крајна финансиска небрежност,
сфаќам во каква лоша состојба е.

По смртта на татко ми од рак на белите дробови,
нас трите деца нè оставија
сами некако да се одгледаме.
Преголема беше мајчината тага.

Сè ѝ простувам.
Нејзината куќа, светилиште на слабоста,
е светилник на небрежноста.
Ѝ простувам за отсуството во време на нашето детство,
за пиењето,
за навредите,
за лабилноста:
сè ова некако изникна
од тагата неизлечива.

АвторДејвид Холер
2018-08-21T17:21:47+00:00 октомври 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 28|