Политика, порнографија, поезија

/, Блесок бр. 108-109/Политика, порнографија, поезија

Политика, порнографија, поезија

Q&A
Клучни зборови: Претпладне, јули, Ужице, Плоштад на партизаните, сонце, ветер, животни одлуки
Разговор на поранешни љубовници на заедничка перница

само се надевам дека
нема наскоро да најдеш
ново момче
велам

а што подразбираш
под тоа наскоро
прашуваш

во овој случај
наскоро и никогаш
всушност имаат исто значење
заустувам да кажам
ама знам дека тоа
не би ти се допаднало
па молчам
молчам
молчам
па се пикам под ќебе
ја потпирам главата на твоите гради
и долго
долго
плачам како последна пизда

АвторБојан Марјановиќ
2018-08-21T17:20:37+00:00 август 19th, 2016|Categories: Поезија, Блесок бр. 108-109|