Поезија – Јосип Ости

/, Литература, Блесок бр. 138 - 139/Поезија – Јосип Ости

Поезија – Јосип Ости

Во џебот сè уште го носам клучот од некогашниот дом
После војната градиме куќа
Сонцето насекаде и сите подеднакво ги грее
Со ’рѓосан бајонет од Првата светска војна
Дојди, љубов, брзо во градината
Не знам, кога ќе ослепам
Кога и да се сретнеме, долго се гледаме
Најчесто разговарам со мртвите
Сиот живот се збогувам со животот


Сонцето насекаде и сите подеднакво ги грее

Сонцето насекаде и сите подеднакво ги грее. … Нема туѓо
небо и на него туѓо сонце, како што велиш, добар
Алекса, во песната Останете тука. Ни во твоето ни во
моето, подеднакво страшно време. Туѓи се под
заедничкото небо и заедничкото сонце само луѓето
меѓусебно. Непријателски се еден кон друг,
пред сè, браќата, на кои се повикуваш. Уште од
Каин и Авел. На тоа токму сонцето, кое
пресудува дали пченицата ќе дозрее или ќе изгори,
односно дали ќе има леб и вино, е сигурен
сведок. Како и на тоа дека не е родната земја мајка,
за која секој треба да го даде животот. …
Не верувам дека човек живее за да умира за
родната земја. Особено не за онаа која сето време
била боиште, пеплиште и ѓубриште. Која што е,
ако е мајка – убиец на сопствените деца. … Сонцето
насекаде и сите подеднакво ги грее. … Нема туѓо небо и
на него туѓо сонце, како што велиш, добар
Алекса, во песната Останете овде. … Насекаде за човекот
меѓу луѓето, ако е човек и ако е навистина
меѓу луѓето, подеднакво цутат и цвеќето и пелинот.
Затоа на сите кои ги повикуваш да останат овде им порачувам
да одат и да останат таму каде што нема да се прашуваат кој ќе ги
убие, туку кој ќе ги љуби.

АвторЈосип Ости
2021-08-17T20:57:21+00:00 август 15th, 2021|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 138 - 139|