Поезија – Лилјана Дирјан

/, Литература, Блесок бр. 141/Поезија – Лилјана Дирјан

Поезија – Лилјана Дирјан

Мојот човек
Бродолом
Концерт за мирис и оркестар
Каирско такси
Рабови


РАБОВИ

 

Облече сосема нов фустан
застана пред огледалото
и таму ја гледаше таа
која не ја познава
сета кадифена модра ноќ
таа под фустанот
скриената
мека и осамена
ослепена
се наведна да го скине конецот од поставата
сакаше со тапите заби да го пресече
и свилата конец
се испара
и го снема телото
останаа само темницата
и огледалото.

 

(од изборот „Концерт за мирис и оркестар“, Темплум, 2020)

АвторЛилјана Дирјан
2022-01-04T17:30:21+00:00 јануари 3rd, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 141|