Поезија – Лилјана Дирјан

/, Литература, Блесок бр. 141/Поезија – Лилјана Дирјан

Поезија – Лилјана Дирјан

Мојот човек
Бродолом
Концерт за мирис и оркестар
Каирско такси
Рабови


КАИРСКО ТАКСИ

 

Непознати ми се твоите улици, Каиро
овој таксист Копт
се пазари за 10 египетски фунти
да ме префрли од хотелот „Пирамидас“
до базарот „Кхан Кхалили“
под ретровизорот на синџирче се врти
св. Ѓорѓи кој ја убива ламјата
нема стакло на вратата
ноќта мириса на запален отпад
правот на пустината легнал во ноздрите
на шофершајбната
врз лицето ми блескаат светилките откај Нил
бучи светот под мостот
бучи откај џамијата
трговските улици се новите храмови
полни верници со најлон кеси
во темницата се пробива таксиво
транзисторот вреска
Коптот ми ја покажува левата рака кај пулсот
таму е неговиот тетовиран крст
свири со трубата, пее со зарипнат глас
гледа во огледалцето замачкано со прашина
„Од која ли земја си ти“, си мисли
час пред тоа во хотелската соба се намирисав
со парфемското масло Нефер-и-ити
и сега избива откај увото
заедно со сите јантари, седефи, лаписи
малахити и аметисти
како да имам обетки од олово
се вртам ту ваму ту таму
пиштат ноќните звуци на калабалакот
трговијата, мешаницата
на задното седиште како в кино
ми се отвораат твоите светови, Каиро
мојот хиероглиф
ЛД е слика на уста над површината
на водата

АвторЛилјана Дирјан
2022-01-04T17:30:21+00:00 јануари 3rd, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 141|