Поезија – Лилјана Дирјан

/, Литература, Блесок бр. 141/Поезија – Лилјана Дирјан

Поезија – Лилјана Дирјан

Мојот човек
Бродолом
Концерт за мирис и оркестар
Каирско такси
Рабови


МОЈОТ ЧОВЕК

на Богомил Ѓузел

 

Изморен
се движи по палубата на станот
се напрегнува по полни хоризонти
контури на копно
бродот наеднаш му се занишува
удира со клунот во подводните мисли
морето-мора навлегува нагло

седам спроти настанот
и стареам во секунди
божем ги надгледувам морските болести
а всушност чекам плима пред
јазикот да ми се стори
јаже за бесење

АвторЛилјана Дирјан
2022-01-04T17:30:21+00:00 јануари 3rd, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 141|