Поезија – Иво Рафаилов

/, Литература, Блесок бр. 130 - 132/Поезија – Иво Рафаилов

Поезија – Иво Рафаилов

Бесмртна елегија
Кратко повлекување од одговорност
Портрет на Кјубрик. Мачката и саканата
Неколку укажувања кон првата љубов
Кораб со робови според В. Тарнер
Уште еднаш Катул. Нов превод
Моби Дик
Елегија за твојот роденден


Моби Дик

Се разбудив сношти кај 3 и 20
и се прашав дали те сакам

или… можеби не.

Но тоа е чудовишно, си реков,
та нели последните седмици
се однесував во обратната смисла,
а и ти како ме тегнеш со харпун
кон себеси.

Ми стана весело
и отидов да испушам
две цигари на терасата.

Врнеше.
Дождот ли ме беше разбудил?
Сум слушал дека во такво време
рибата загризува,
но пак никој не би се спуштил
да ги следи китовите во океанот.

Се зачудив:
зошто тоа дека не те сакам
ме радува?

И само од тој одговор
се создаде стихотворение –
вчера ја поминав
314 страница:
„Восхити се од китот, човече,
и земи го за пример!
Зачувај се и ти топол сред мразовите!
Живеј и ти на овој свет,
без да си дел од него!“

Си повторував делови од готовиот стих.

Мислев и за другата
книга во купот на табуретката
„Убијте го китот!“ од Фарли Моут –
прикриена од зло чистоплотност.

На крајот премрзнат
се вратив во леглото.

А ќе беше добро, ако можев
чесно да завршам така –

на крајот
(ја угаснав спермацетовата свеќа)
се вратив во леглото
до разлеаните
како фонтана коси.

Внимателно го одбегнував.

АвторИво Рафаилов
ПреводСузана В. Спасовска
2020-08-14T21:16:11+00:00 август 5th, 2020|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 130 - 132|