Поезија – Иво Рафаилов

/, Литература, Блесок бр. 130 - 132/Поезија – Иво Рафаилов

Поезија – Иво Рафаилов

Бесмртна елегија
Кратко повлекување од одговорност
Портрет на Кјубрик. Мачката и саканата
Неколку укажувања кон првата љубов
Кораб со робови според В. Тарнер
Уште еднаш Катул. Нов превод
Моби Дик
Елегија за твојот роденден


Кораб со робови според В. Тарнер

Твојот дом без биста на Август останал
(без прав на бледнеечкиот врв на челото,
без трага од кучешкиот јазик по гипсовиот нос).

Каква ли цел овде би се задржала?
Каква империја ќе се освои?

Неколку зловесни африкански статуетки
над мал том од Мајаковски.
Мрачните барабани небаре
го свртуваат хаосот накај создавањето,
а еквадорските банани во чинијата скапуваат.

Ти ги спозна сите страни на светот
и колку чинат
но не сувенирната вредност им ја помниш сега.

Можеби само потрошените
години на свртувањето се расплиснуваат,
јасни и застрашувачки како буреносен облак
над брановите.

Над креветот
(над прекривките, во кои притаените љубовници
потонуваат без намера за поколение)
виси коработ со робови на В. Тарнер
Велат дека потонал.
Велат дека владетелските форми
пловат со оловна тежина.

Слушаш дека водата поскапела,
а боите ги разредувал со плунка
и божем тука тебе не ти достига лудост.

И во што да се удавиш, всушност?

Во очекување на надоаѓачка бура,
во очекување да го исфрлат телото што ти умира,
си мислам –

целиот твој живот
беше повик за помош,
распевање пред потонувањето.

Отстапување на судбината
пред случајноста.

Крај на ропството,
но не и почеток на друго.

Велат бистата на Хомер
исто носела помирување.

АвторИво Рафаилов
ПреводСузана В. Спасовска
2020-08-14T21:16:11+00:00 август 5th, 2020|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 130 - 132|