Поезија – Иво Рафаилов

/, Литература, Блесок бр. 130 - 132/Поезија – Иво Рафаилов

Поезија – Иво Рафаилов

Бесмртна елегија
Кратко повлекување од одговорност
Портрет на Кјубрик. Мачката и саканата
Неколку укажувања кон првата љубов
Кораб со робови според В. Тарнер
Уште еднаш Катул. Нов превод
Моби Дик
Елегија за твојот роденден


Неколку укажувања кон првата љубов

Таа е како историјата на полската поезија.

Во антологијата која започнува со
Милош, Шимборска, Ружевич и Херберт
Никој друг нема шанса да каже нешто што ќе остане запаметено:
излишен еволуционизам,
краток постмодернизам,
дребна сентименталност.

И после

како да им објасниш на децата,
дека не се деца и на твојата голема љубов,
дека не ги носат гените на благодарноста.

Како да признаеш,

дека си го пропуштил животот во обид да ја заборавиш,
зашто била толку близу и истовремена со тебе,
дека ти бил потребен друг јазик, за да не зборуваш за неа.

АвторИво Рафаилов
ПреводСузана В. Спасовска
2020-08-14T21:16:11+00:00 август 5th, 2020|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 130 - 132|