Подготовки за претстава

/, Блесок бр. 25/Подготовки за претстава

Подготовки за претстава

Подготовки за претстава
Безветрина
Савана
Темните сеништа на Емили Дикинсон
Хајка
Просветлување
Бог меѓу нас
Тан нак ра

Во темен рог дува древниот бог
– нè вика. Попаднал в трње и драч
се качил на стог од шумскиот глог
и подигнал раце слично на врач.

А од нас, секој сам, занесено
блуди и сопствена светост следи.
Од вечноста црпи понесено
и дрско – простор и време реди.

Притаено, вселената, слуша
немо, пропушта звуци и зраци.
Чека, скришум таложејќи душа,
да проблеснат нејзините знаци.

Која вселена, кој човек и бог
ни налага заводлив сјај и мрак:
сè во сè се ткае и слог во слог
се гнезди, со љубов на брат и враг.

Која вселена, кој бог и човек,
очекува заводлив сјај и мрак.
Сè во сè се ткае – секој ловец
нитка има и прескокнува праг.

АвторВесна Ацевска
2018-08-21T17:21:50+00:00 март 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 25|