Песни

Песни

Во џебот сè уште го носам клучот од некогашниот дом
После војната градиме куќа
Сонцето насекаде и сите подеднакво ги грее
Со ’рѓосан бајонет од Првата светска војна
Дојди, љубов, брзо во градината
Не знам, кога ќе ослепам
Кога и да се сретнеме, долго се гледаме
Најчесто разговарам со мртвите
Сиот живот се збогувам со животот

Сиот живот се збогувам со животот. … Со сè
убаво и грдо во него. Со родителите и другите
роднини. Со веќе мртвите и со уште живите. Со пријателите
и непријателите. И со оние меѓу пријателите
коишто, во меѓувреме, се претвориле во
непријатели, како што некои од непријателите
се претвориле во пријатели. Со победите и поразите,
кои ги имаше многу, не само во младоста, во
однапред загубената трка со времето. Се збогувам
со сите свои љубови. Со сите моменти на најголемите
уживања и најголемата болка, во која, да бидам
искрен, не ретко и уживав. … Сиот живот
се збогувам со животот. … И од тебе, драга душо, исто
како од себе, постојано се збогувам. Те гледам,
те галам и бакнувам, како секој пат да е последен.

АвторЈосип Ости
2018-08-21T17:21:38+00:00 април 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 35|