Песни

Песни

Во џебот сè уште го носам клучот од некогашниот дом
После војната градиме куќа
Сонцето насекаде и сите подеднакво ги грее
Со ’рѓосан бајонет од Првата светска војна
Дојди, љубов, брзо во градината
Не знам, кога ќе ослепам
Кога и да се сретнеме, долго се гледаме
Најчесто разговарам со мртвите
Сиот живот се збогувам со животот

Најчесто разговарам со мртвите. … Пред сè
со поетите и писателите. Само тие доаѓаат веднаш,
кога ќе ги повикам. Кога сум, често и сред толпата,
до очај сам. Само тие имаат доволно
трпение внимателно и со разбирање да ги слушаат
моите жалопојки и тогаш кога ќе заборавам дека се покрај
мене и дека и понатаму разговарам, како речиси сиот
живот, самиот со себе. … Најчесто разговарам со
мртвите. … Пред сè со поетите и писателите.
Само нивните живи зборови и уште поживиот молк,
што ги читам од нивните со трева обрснати усни,
се во согласие со нивните дела. И со некои од живите.
Од почетокот на војната, во која многу мои сограѓани,
а и пријатели меѓу поетите, повеќе години
го опседнуваа и уништуваа Сараево, со нив разговарам
многу ретко. И сè почесто, не на умирачкиот
мајчин јазик, туку на јазикот на мртвите поети,
којшто оживува во моите нови песни.

АвторЈосип Ости
2018-08-21T17:21:38+00:00 април 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 35|