Песни

Песни

Во џебот сè уште го носам клучот од некогашниот дом
После војната градиме куќа
Сонцето насекаде и сите подеднакво ги грее
Со ’рѓосан бајонет од Првата светска војна
Дојди, љубов, брзо во градината
Не знам, кога ќе ослепам
Кога и да се сретнеме, долго се гледаме
Најчесто разговарам со мртвите
Сиот живот се збогувам со животот

Со ’рѓосан бајонет од Првата светска војна
го плевам плевелот во градината. Го забодувам длабоко во
земјата, како што можеби го забодувале во тврдиот
леб и мекото човечко месо, во време што е веќе
одамна избришано од неговото сеќавање. Кога во
неговиот некогашен сјај се огледувало од страв и
неизвесност изобличеното убаво лице на младичот,
од кое, на воените гробишта, веќе десетлетија раснат
како и тој безимени цвеќе и плевел. … Со ’рѓосан
бајонет од првата светска војна го плевам плевелот
во градината. … Ја плевам копривата, лутичето… Кога
со бајонетот налетувам на железен фишек во земјата,
дувам во него, како што научив во детството.
Крашката тишина ја прекинува необичен звук и на него
се одзива чук. Чук, кој потоа, цела ноќ
се огласува со својот воедначен, злослутен глас.

АвторЈосип Ости
2018-08-21T17:21:38+00:00 април 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 35|