ПЕСНИ ОД РУТ ПАДЕЛ

/, Блесок бр. 116/ПЕСНИ ОД РУТ ПАДЕЛ

ПЕСНИ ОД РУТ ПАДЕЛ

ТИГАР ПИЕ НА ШУМСКИ ВИР
ШУМАТА, КОРУМПИРАНИОТ ФУНКЦИОНЕР И ЧИНИЈА СУПА ОД ПЕНИС
СЛОНОТ НА МАРИЈА, СПИНЕТАТА НА ЕЛИЗАБЕТА


Како да насликам Зимски пејзаж со храмови
и патници, или Шарен папагал

на праска во цут?
Пророчките кутии се испразнети

а Министерот за заводлива поука
ѝ потпишал (на војската) дозвола за шумска сеча,

Нарачал сатенска постава за црвеното му кимоно,
па си пие со Генералот

во, вели, најдобрата гостилница во градот,
а свита им се две петнаесетгодишни моми:

пробрани, ко проѕирен костенлив жад.
Црни пенушки остинуваат в планина,

пилани исфрлаат талпи по сто на час
и бел пепел по реката процветал

дури дворјанинот го чести Генералот
супа од тигров пенис, цело благо една чинија.

Ќе насликам спржена голет со брадавици што штрчат
Шумски пламен1F в белина и ал,

крушест плод и џакаранда, небесниот елен
и именувањето ѕвезди, трите видови самрак

во Јунан кај што белошепите гибони
некогаш ги пееле своите љубовни дуети.

Ќе ја насликам вистината на привидот, речник
на атмосферската оптика,

и Гуанјин, чуварката на умилението.
Посебно ќе внимавам на усмевот.
#b
1. Шумски пламен е вид дрво со цвет како пламен.

АвторРут Софија Падел
ПреводОгнен Чемерски
2018-10-30T11:13:29+00:00 октомври 21st, 2017|Categories: Поезија, Блесок бр. 116|