Песна над песните

Песна над песните

Песна над песните
Писмо 1
Писмо 2


Многу е лошо кога сешто прераснува во навика Рина
да зборуваш и да ги пречкрташ листовите со вертикални
линии
лошо е кога бакнежот прераснува во навика
не гледаш очи раце или нешто друго
се’ прерасна во навика Рина
сништата врват бојосајќи ги на платно
сум ги заборавил лицата на луѓето
нивните очи
останале само коските
во правливото паметење на скиците
ми проредија влакната на косата Рина
не сум веќе убав
коските ми се гледаат на лицето
станав како Пушкин
а Данте ми го убива времето
и повторно се раѓам
слушајќи го глаголот „обвинувам“
покрај младите Драјфуси
не го сакаш обичното
сега станав таков
те паметам
како читаше книги за револуциите
тие се случуваат секој ден љубена
ние се убивме себеси во нив
ги предадовме другарите за нив
ги изгоревме книгите за нив
згазивме сништа и луѓе за нив
и по тоа сешто стана обично
негде ја згрешивме Рина

АвторТеута Арифи
2022-08-31T20:01:26+00:00 август 29th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 145 - 146|