Песна над песните

/, Блесок бр. 13/Песна над песните

Песна над песните

Песна над песните
Писмо 1
Писмо 2

Ништо не ми пишуваш моја балканко
ниту едно писмо
сакам да го видам печатот, адресата, поштенската марка
за да се уверам дека не си тука
ти си повторно негде блиску
со сите агли на мојата
правлива соба
во триесетипеттата страна на географскиот атлас
Балканот и Средоземјето
со раката како Пелопонез
со твоите очи како балкански ноќи
ноќи кога се случуваат сите нешта
кога умрените ги посетуваат живите
кога живите стануваат жедни врколаци
ноќи полни со очекуван тропот со кошмари
со преполовени ледени бакнежи
неповратно бегање во темницата
бескрајно чекање покрај испотениот прозорец
едно влакно од твојата коса ми ги спомнува тие ноќи
додека прашината ми ги суши акварелите
каде што те нема тебе
се чувствувам како бела хартија без фигури
како кич сликите со изгубен остров
негде сред океанот
напиши ми само еден збор моја балканко

АвторТеута Арифи
2018-08-21T17:22:05+00:00 март 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 13|