Пер Лашез

Пер Лашез

Пер Лашез
Последен поздрав
Избор
Лотовата жена
Ако љубиш а не чувствуваш болка
Ти подадов рака
Еднаш се уплаши од убавината

Еднаш се уплаши од убавината
те фати страв од неа
од непознатото во неа
и отсуството на решетките
и од она што е зад ѕидот

Ти беше полесно да останеш
во познатото, твоето
дури и кафезот ти се виде убав
некако многу убав

И како кокошка
пуштена низ село
ти вечерта се врати
во својот кокошарник

А утрото
таа од буништето
ти од кафезот
гледавте птици на небото
и ти беше мака
што не можеш да леташ
некако многу мака

2018-08-21T17:21:36+00:00 јули 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 37|