Пепелашка во хромиран ковчег

/, Блесок бр. 97/Пепелашка во хромиран ковчег

Пепелашка во хромиран ковчег

Feedback
Нежно кршење на брчките околу усните
Бикини за бебе, блуз за капка роса
Сите најдобри песни зборуваат за копнеж и стакло и брзи автомобили и други кршливи нешта
Во излогот на евтини слатки
Бучава, шаренило, будење
Ескимо сретнува Албино
Меланхолија

Секогаш можам да заминам одовде
и да оставам чифт уплакани очи зад себе
но кому му е тоа потребно
ми велеше
како да се однесувам додека сум ти гостин
дури и оној ден
кога
во длабоки платнени патики
со сина ѕвезда врз кружната бела гума
излегов од затворот после
дваесет и пет години
седење во темница
и чекање
нештата сами да ме најдат
и затоа денес можам да се сетам
на стотици цитати
од сите оние кои не ги познавам
а кои ме сакаа како свој единствен син
Христос умрел млад
зашто луѓето кои сите ги сакаат не го придвижуваат светот

АвторЗвонко Карановиќ
2018-08-21T17:20:43+00:00 август 23rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 97|