Пепелашка во хромиран ковчег

/, Блесок бр. 97/Пепелашка во хромиран ковчег

Пепелашка во хромиран ковчег

Feedback
Нежно кршење на брчките околу усните
Бикини за бебе, блуз за капка роса
Сите најдобри песни зборуваат за копнеж и стакло и брзи автомобили и други кршливи нешта
Во излогот на евтини слатки
Бучава, шаренило, будење
Ескимо сретнува Албино
Меланхолија

Не сум подзабавен автостопер
не сум циник во триесеттата
животот е суров
кон оние кои не се духовити

станувам ситничав
станувам расипан
и неделниот ручек кај старците
е нема комедија
со пресинг од политика
и малку отров во последната секвенца

дисциплина –
дали е тоа страст?
поредок –
дали е тоа нечија шега?
зборовите не функционираат
телевизорите се угаснати ѕвезди

станувам нервозен
станувам осамен
во совршениот свет
случајностите не се случуваат
седам пред чинијата
со прободени образи

влегов во кутијата
и со несигурни чекори
учев да бидам
зрел
бадем, лимон, мајмун

станувам осамен

АвторЗвонко Карановиќ
2018-08-21T17:20:43+00:00 август 23rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 97|