Пепелашка во хромиран ковчег

/, Блесок бр. 97/Пепелашка во хромиран ковчег

Пепелашка во хромиран ковчег

Feedback
Нежно кршење на брчките околу усните
Бикини за бебе, блуз за капка роса
Сите најдобри песни зборуваат за копнеж и стакло и брзи автомобили и други кршливи нешта
Во излогот на евтини слатки
Бучава, шаренило, будење
Ескимо сретнува Албино
Меланхолија

Во мрачните улици
нема кој да го види трчањето низ пубертетот
нежното кршење на брчките околу усните
секоја насмевка трае дванаесет денови
секое мало сонце
исчезнува во кутијата за шеќер
лузните се полиња ружи
врз сонливата кожа на матурската вечер
па сепак,
Југот е сè уште див
под анестезијата на вината
хартиеното небо на индустрискиот град
гори со незаборавен оган
и митските слики
на бесмислената кланица на сништа
личат на крвав џигер во прашина
моето ново засолниште се вика ТВ
додека го гушкам минатото
стереото е сведок
и признавам
секогаш сум се чувствувал како Исусов син
кој го бара загубениот луксуз
еднаш прашав
а каде спие појадокот
еднаш водев љубов со сумо убавица
еднаш најдов утеха на голем бран конфети
еднаш бавно, бавно како морон
распакував Марлборо
палев
и го дував чадот во пролетниот ден

АвторЗвонко Карановиќ
2018-08-21T17:20:43+00:00 август 23rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 97|