Па, што, ако невешто живеам

/, Блесок бр. 89/Па, што, ако невешто живеам

Па, што, ако невешто живеам

Па, што, ако невешто живеам
Најлесно е себеси да се нацртам
Затворски денови
Врколак на прозорецот
Придавките на црната кралица
Доаѓа кога било
Коприви

Сè уште живеам само така
набројувам, изведувам,
низ утоките на сетилата итаат придавки
Ни имиња, ни засолништа!
Зошто истура месечината околу куќата?
Зошто љубат без усни?
Стопати е речено зашто
преку лирскиот
жар
со врискот на мантра
кон тебе паѓам
на заповед
– Необично обично запри се,
ти!

АвторСоња Манојловиќ
2018-08-21T17:20:50+00:00 мај 9th, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 89|