Па, што, ако невешто живеам

/, Блесок бр. 89/Па, што, ако невешто живеам

Па, што, ако невешто живеам

Па, што, ако невешто живеам
Најлесно е себеси да се нацртам
Затворски денови
Врколак на прозорецот
Придавките на црната кралица
Доаѓа кога било
Коприви

Не ми дава да влезам
тропам по широката врата
наоколу шумата се врти
Внатре седи момичка
и ми довикува зад триаглести лисје
Врколакот е надвор
Нема да му отворам Не можам да му отворам

И затоа врколакот со мене во дворот
живи рубини како јагоди јаде
Со главата прудолу на стеблото виси
Ми пере алишта на потокот
а плеќите му се брзи и силни

Одиме и се враќаме
А таа гледа ли гледа

АвторСоња Манојловиќ
2018-08-21T17:20:50+00:00 мај 9th, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 89|