Папараци

Папараци

Папараци
Судски процес против неверата. Среќен почеток!
Фигурки
Бела глетка

„Денес вечер ЈАС сум змеј“,
кажа меѓу редови немиот раскажувач,
необѕрнувајќи се подобро
на роденденската фигурка,
која личеше и на крокодил.
Но, не е битно, важно кога се чита –
предизвикува смеа,
– тоа е ефектот баран долго
во одамна отпечатените дела:
нелекторирани, ама строго рецензирани
од најблиските пријатели, секако – позитивно,
зашто инаку се рушат сите привилегии,
што треба да подразберат и возврат
за сличната дејност.
Најдобро, затоа, меѓу нас – нараторски немо,
кажете си дека се откажувате од таквата работа –
не ви требаат повеќе ласкања и противници,
– ама немојте да престанете и со творење,
некои љубопитци жедно чекаат да го лапнат
новиот хит.
Ќе биде тоа добра лекција, не само за младите.
За повозрасните, посебно.

И во белата ноќ, кога не се гледа
ниту точката пред себе,

белото е ништо
белото е мрак
белото е слепа љубов

Дајте светлина!
гласно замоли имплицитниот автор
по враќањето од договорениот состанок
со одбраната публика.

„Зад затворени врати се анализирало
најотворено“,
заклучи подоцна.

2018-08-21T17:21:33+00:00 март 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 41|