од „Рабови“

/, Блесок бр. 59/од „Рабови“

од „Рабови“

Трета паганика
Расцеп на сонот
Меморија на пејзажот

дождови ја удираат, ја замаглуваат и ја мијат планината
во прозорецот. „пет метри дебелина на свлечените
слоеви вообичаено одговараат на 2000 години минато“,
сон на сетилата што ги полни долините, сите други
резови и траги во пејзажот: истиснувајќи го паметењето
во електромагнетните врзулки на подземните водени
капки, кон некои нови предели…

овој ден е веќе нов геолошки лист врз рамницата,
со дробливо отпечатени мозаици, фризови, релјефи,
огледало втиснато помеѓу, јас во него,
додека, следејќи растрчан елен, се заплеткувам
во горските гранки, го примам покровот
од темно лисје и светлосни нишки
– многу порано пред планината да се избистри
во шарен ѕвер клекнат во далечината

2018-08-21T17:21:11+00:00 мај 10th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 59|