од „Рабови“

/, Блесок бр. 59/од „Рабови“

од „Рабови“

Трета паганика
Расцеп на сонот
Меморија на пејзажот

обајцата се будиме како пагани за кои светот веќе
не е убав. остатоци од ноќите, великите искони
на страст, се само диви капини на работ на градот,
зората – само слуз на мракот врз прозорските крила
и огледалата. Ломни се спомените на остварените,
рецкави мислите на неостварените согласности.
Помеѓу, само гола гора на отсутноста,
над којашто сè уште трепери свеж сонот
со рајски зеленила и птици кои црцорат
според ритам подеднакво
разбирлив и неразбирлив,
успокојувачки и искушувачки,
блажен и тегобен

2018-08-21T17:21:11+00:00 мај 10th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 59|