од „Рабови“

/, Блесок бр. 59/од „Рабови“

од „Рабови“

Трета паганика
Расцеп на сонот
Меморија на пејзажот

меѓу притаените огледала, тој го воскреснува
александар македон од мозаиците, фризовите
и релјефите: врз коишто сè уште слетува еден орел:
со своите прастари очи еднаш што го виделе
дотогаш и оттогаш невиденото
складно бело тело ишарано со лузни од длабоки рани
пред коишто секнува злобата на змиите
и крволочноста на ѕверовите
– во првиот сон – тоа тело веќе го галат змии
и го обгрнуваат ѕверови, додека самото по облините
си вгнездува темнини, како мургави деви
да го пијат со складни танци, магии, баења
и други мамливи говори на зајазлени јазици –
како оние
во коишто го искусив изедначувањето
на блаженството и тегобноста

2018-08-21T17:21:11+00:00 мај 10th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 59|