од збирката поезија “Дека дa”

/, Блесок бр. 100/од збирката поезија “Дека дa”

од збирката поезија “Дека дa”

СТАВИ МЕ ВО КУТИЈАТА СО СЕШТО
ТВОЈОТ МИРИС ОСТАНУВА И ОТКАКО ЌЕ ЗАМИНЕШ
ПИСМА ПОЛНИ ТИШИНА (додека спиеш)
ПИСМО. ЗА ТЕБЕ
ПИШУВАЊЕ
ЌЕ СПИЈАМ (сакам што ноќта е жена)
ДВЕ РАБОТИ, ДВАПАТИ (кога се будиш)
НЕ СУМ ТИ РЕКОЛ, МИ СЕ ЧИНИ…
КОПНЕЖОТ ГО ЗГОЛЕМУВА СТИСОКОТ

одамна ги нема твоите ноќни писма –
или, копнежот го зголемува стисокот
на времето… не знам. сакам да те читам
со зборовите точни и умни, понекогаш
набрзина чкртнати но сеедно битни,
сеедно… битни… зборовите твои…
одамна ги нема нашите ноќни преплетувања –
врз твојот прозор се нафатила ноќна
пајажина: повремено ја дувкам, повремено
ја раздвижувам, божем прозорот го оживувам…
палам оганчиња, тук-таму се обѕирам по тебе,
по твоите траги низ просторот – одамна веќе
сам со себе зборувам во ноќите, надевајќи се
дека некако, на тивко, на топло, ќе ме чуеш…
па да ти го почнам денот со насмевка. нежна.

2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Поезија, Блесок бр. 100|