твојот мирис: го чувам. длабоко
во себе, уште подлабоко во куќата,
сè додека не се вратиш.
дрвото почна да мрзне,
шумата почна да дивее…
без твојот мирис.
редовно ја проветрувам куќата,
да те има и кога те нема.
понекогаш се тресам.