Ова е таа, твојата

/, Блесок бр. 45/Ова е таа, твојата

Ова е таа, твојата

Ова е таа, твојата
Сфаќаш
Да се родуваш
Страв од шеќер (сестина за Ангела)
Ќе се среќаваме
Булка крај шините

Под намуртено небо, темни
облаци. Судири. Грмотевици.
Мокри, сјајни
црни улици.

Ќе се одминуваме по дождот,
во ноќта, како ништо да не било.
Безопасни. Внимателно газејќи,
пазејќи да не се наводениме.

Нема да се гледаме.
Молскавиците би
биле прегласни.
Ќе се среќаваме.

Среќата ) Пред некое збунувачко
ќе трае. ( око што сè гледа и знае.

АвторМагдалена Хорват
2018-08-21T17:21:29+00:00 ноември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 45|