Ова е таа, твојата

/, Блесок бр. 45/Ова е таа, твојата

Ова е таа, твојата

Ова е таа, твојата
Сфаќаш
Да се родуваш
Страв од шеќер (сестина за Ангела)
Ќе се среќаваме
Булка крај шините

Додека се мачев да ја облечам ќерка ми, на 2-годишна возраст,
во тесна ролка, одеднаш рече: „Ова е исто како да се родуваш“.

–Џејн, Единбург, во анкетата „Белешки и прашања“ на Гардијан

Сè што правам, правам со глава. Влетав
на светов, на пример. Болеше. Мислев оти
мозок ќе ми прсне кога реши да ме роди.
Но ме турна нагло, па морав да слетам.
Зедов здив, заплакав и почнав да претам,
запознавајќи ја гравитацијата. Непозната
ми беше и појавата што ти ја крева косата:
статички електрицитет. Прво прсти па пета,
–на тетерави нозе– се тетеравев до болка,
но проодев, лека-полека; почнав и да трчам.
По работа или на одмор – дури и да летам!
И така лани за роденден добив тесна ролка,
(сина како мило мое) во која малку стрчам
и во која ми доаѓа на сè, на сè да се сетам.

АвторМагдалена Хорват
2018-08-21T17:21:29+00:00 ноември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 45|