Ноќта е најтемна пред разденување

/, Блесок бр. 69/Ноќта е најтемна пред разденување

Ноќта е најтемна пред разденување

Букурешт 5 ½
Мило сонце
Залегнат врз стихови
Омарнина над планинска вода
Смислата на една ноќ
Добро
TV Screen & Jim Beam на г-дин Коала, по приказната на Снежана Букал
Како да напишеш песна
Нежна песна

ноќе е студено
г-дин Коала
додека босоног пијам Jim Beam
мислејќи на математики
граматики и сиот тој џез
blues-от свири
по обичај
нема што друго да се каже
„зарем мислиш дека ќе се извлечеш со ова“ вели таа
додека ја водат кон судницата длабоко во ТВ екранот
не, велам јас, но вреди да се проба

студено е
г-дин Коала
но секако би сакал да се сретнеме
гранките овде се дебели и цврсти
држи се до оваа мисла
додека палам нова цигара
гледам во мојот одраз во прозорецот
сипам нова
голтам уште две
математики, патики и сиот тој џез
но баш ми е гајле
додека ја бакнувам жена ми за добра ноќ

одиме напред

осветлен е крстот на црквата
го гледам низ гранките
одамна не сум напишал песна
неколку години мислам
математики, пластики и сиот тој џез
преку ТВ екранот, Шопен и сиот тој blues

„јас сум многу среќно дете“ вели момчето на екранот.
се сложувам. сум.

март, 2002
превод од англиски: авторот

2018-08-21T17:21:03+00:00 декември 21st, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 69|