Непостоечките простори

/, Блесок бр. 50/Непостоечките простори

Непостоечките простори

Бевме бродови, нè изградија, испловивме
Како да исполниш простор загубен, потонат
Постои јазик кој не може да се прикрие: може ли да ја примам
Ветрот ти дува низ косата, столбовите ги кријат годините
Вешта главна сестра, со сензуални коси и гради, гондолата
Преминот е простор со кучиња кои душкаат мермерни
Бојата овде е едвај отстапка. Проѕирната светлина
Непостоечките простори на Арсенале! Стројните столбови

Непостоечките простори на Арсенале! Стројните столбови
И како сè се урна, кога поетовата сува ко прав дланка
Се испречи. Ave Maria, промрморе тој и скокна во базен од
Стар измазнет мермер, исполнет со света вода. Дали лебдиме? Не,
Туку се перчиме, цврсто фатени еден за друг. Додека рогот за магла одекнува
А црната гондола ни се приближува и пловиме кон Сан Микеле.1F

#b
1. Arsenale di Venezia е местото од каде што испловувале големите Венециски трговски и воени флоти, во времето кога овој град-држава доминирал со морињата. Изградбата на Арсенале започнала во 1104 година, а градењето продолжило од XIV до XVI век. Во златното доба на градот, во Арсенале работеле повеќе од 16.000 луѓе, бројка која одговара на населението на еден голем италијански град од тоа време. (заб. прев.)

2018-08-21T17:21:23+00:00 октомври 7th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 50|