Непостоечките простори

/, Блесок бр. 50/Непостоечките простори

Непостоечките простори

Бевме бродови, нè изградија, испловивме
Како да исполниш простор загубен, потонат
Постои јазик кој не може да се прикрие: може ли да ја примам
Ветрот ти дува низ косата, столбовите ги кријат годините
Вешта главна сестра, со сензуални коси и гради, гондолата
Преминот е простор со кучиња кои душкаат мермерни
Бојата овде е едвај отстапка. Проѕирната светлина
Непостоечките простори на Арсенале! Стројните столбови

Преминот е простор со кучиња кои душкаат мермерни
Снегулки. Муцките им мрзнат исполнети со ронки,
Се тегнат како моќни мачки: наоружани борци,
Копјата на готовс. Напад! Набркајте ги набљудувачите
И очајниците од овој арсенал на невидливост. Од овој
Гдањск од дати, зашто сништата ќе останат во вечноста.

2018-08-21T17:21:23+00:00 октомври 7th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 50|