Непостоечките простори

/, Блесок бр. 50/Непостоечките простори

Непостоечките простори

Бевме бродови, нè изградија, испловивме
Како да исполниш простор загубен, потонат
Постои јазик кој не може да се прикрие: може ли да ја примам
Ветрот ти дува низ косата, столбовите ги кријат годините
Вешта главна сестра, со сензуални коси и гради, гондолата
Преминот е простор со кучиња кои душкаат мермерни
Бојата овде е едвај отстапка. Проѕирната светлина
Непостоечките простори на Арсенале! Стројните столбови

Вешта главна сестра, со сензуални коси и гради, гондолата
Ќе се преврти, водата ќе нарасне, завоите ќе чешаат
На рабовите од градот. Со очи како бадеми, чиста ко
Линијата на твојата уста, ја исполнуваш непостоечката
Празнина, во главата, меѓу очите, додека морето го мазни
Камењата, чекајќи го твојот последен танц. Танго, Маестро.

2018-08-21T17:21:23+00:00 октомври 7th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 50|