Нема слободни места

/, Блесок бр. 84/Нема слободни места

Нема слободни места

Нема слободни места
Се снаоѓаме
Како што описот и објаснувањето се слеваат
§ (Камо)
§ (неговите фрагменти)
§ (која е поуката)
§ (да)

неговите фрагменти
на брегот
н неговите намери
без ентериери
на екранот
кажуваат ономатопеи
додека опиеноста на конечната
едноменост
за спас
на заедницата
„сликата
на водата во отуство
на водата
нè опчини“
му писна
жртвата
на херојот
:
сите клетки
се една
и многу,
Чичко Џин
јас
ќе бидам
арбитерот
на случајноста и изборот,
и никој
не ми е достоен
на
уметничките дела
вели Уметничкото Лице.
„не биди
премал
за овој наплив
од настани“ вели
Чичко Џин,
„лулкај се како губиток
оти само јас
го гледам морето
и од мене
извира сила“

АвторРикардо Доменек
2018-08-21T17:20:54+00:00 јули 1st, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 84|