Нема слободни места

/, Блесок бр. 84/Нема слободни места

Нема слободни места

Нема слободни места
Се снаоѓаме
Како што описот и објаснувањето се слеваат
§ (Камо)
§ (неговите фрагменти)
§ (која е поуката)
§ (да)

погоди што

=

компилација
од стебло
гранки лисја
замислени корења
и суспензија
на неверување

=

лето и мулитпликација
на тенди и сенки

=

почвата земјата
прашината инсистираат под
стапалата
се фрлаат кога главата
ми прави трансакција
и неотпор
на воздухот

=

и јас
страдам од четирите
годишни времиња

=

безлисното и бесплодното
во огнот
опстојуваат дури
и без слика и ид.

=

наспроти речникот
и ботаниката
наспроти Моне
и Гете
наспроти моите очи
и мојот јазик
поттикнување на семето

=

тој прв час
по цртање во основно
училиште вечната загуба
на зеленото плус заведувањето
и смирувањето на виденото

АвторРикардо Доменек
2018-08-21T17:20:54+00:00 јули 1st, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 84|